Како што објави Business Insider, на неодамнешниот состанок на Сојузното Министерство за енергетика, еден од предлозите беше задолжителна работа од дома за државните службеници оваа зима, додека мнозинството од министерството наводно изразиле приговори за тие планови.
Една од главните забелешки беше дека државната служба нема доволно лаптопи и мобилни телефони за работата на сите вработени.
На средбата се разговарало и за ограничување на температурата на максимални 19 степени, објави порталот.
Ако на некој му е премногу студено, ќе му биде дозволено да работи од дома.
Плановите за мерки за заштеда на енергија во јавните згради се реализираат на предлог на министерот за економија и енергетика Роберт Хабек.
Германската влада сака да заштеди нешто помалку од 20 терават-часови (TWh) гас годишно со намалување на собната температура за да ја намали потрошувачката на гас во Германија за околу два отсто, се вели во написот.
Германија, заедно со многу европски земји, се соочува со недостиг на енергија откако Русија значително ги намали испораките на природен гас за Европа како одговор на санкциите воведени кон Москва поради нејзината војна со Украина.
Со цел да се подготви за зимата, коалициската влада на германскиот канцелар Олаф Шолц воведе пакет мерки за намалување на потрошувачката на енергија за 20 отсто и предвиде капацитетите за складирање гас да бидат полни 95 отсто до 1 ноември.
Извор: skopje1.mk