
Министерот за транспорт и врски за ТВ21 посочи дека во министерството е отворена постапка за нова апликација.
Во тек е постапката каде што се изработува нова апликација преку која што граѓаните ќе можат да имаат увид и да го проверат целиот систем и на превозникот, односно ќе имаат пристап во софтверските системи на Министерството дали таа документација е исправна.
Се очекува во наредните недели истата да биде промовирана.
Целта е секој граѓанин кога ќе патува со ваков превоз да мож да провери дали тој автобус има и содржи валидни лиценци и изводи од лиценци кои што се издаваат во Министерството за транспорт и врски.
извор: lokalno.mk