Сцени од филм во кој ќе биде употребено огнено оружје ќе се снимаат утре на улицата Фредерик Шопен во Црниче.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од страна на менаџерот на продукција на играниот филм „Син портокал“ сме известени дека од утре, 23.10, до 25.10.2022 (вторник) во периодот од 9 до 18 часот во објект на ул.„Фредерик Шопен“ во Скопје ќе се снимаат сцени за филмот во кој ќе биде употребено огнено оружје.
МВР и за вчера издаде слично предупредување, но овој пат за објект на ул. „Владимир Полежановски“ во Скопје каде за снимање на серијата „Бистра вода“, исто така беше употребено огнено оружје.