Без електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Ѓорче Петров, Карпош и Сарај, соопшти РЦУК.Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците во населеното место Блага Вода, Стопански Двор во општината Ѓорче Петров, а од 9 до 14 часот корисниците од селата Горно Нерези и Крушопек во општините Карпош и Сарај.
Причина за прекинот на снабдувањето со струја, како што посочуваат од РЦУК, се планирани технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија.
Прекинато водоснабдување утре од 09:30 часот до 12:30 часот ќе имаат корисниците од Шуто Оризари, улица „Македонско косовска бригада“- крак 11, сервисите „Џеват“, „Порше“ и ТЦ „Поинт Ретаил“, соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што посочуваат од претпријатието, е технички зафат во пумпна станица Шуто Оризари.