Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека на електронската адреса 24@skopje.gov.mk може да ги пријавуваат предизвиците со кои се соочуваат во средината во која што живеат, а кои се од надлежност на Градот Скопје.
- Стручните служби во Градот Скопје се задолжени да одговорат на нивните барања или да ги решат во рок до 72 часа. Со тоа се овозможува брза и непосредна интервенција на терен за пофункционален град во служба на граѓаните, велат од Град Скопје.
- Проектот „Отворен град 24 часа“ на новото градско раководство овозможува граѓаните брзо и лесно да пријавуваат проблеми. Целта е да се поттикне ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, кое ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и преку непосреден однос со граѓаните ги решава нивните проблеми, информираат од Град Скопје.
На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk од отпочнување со функционирање до денес се пристигнати повеќе од 3.680 барања, од кои решени се дури 2.830. Најголемиот број граѓани на овој меил побарале поставување заштитни столпчиња на тротоарите со цел слободно и олеснето движење за пеаците, чистење диви депонии, како и голем број барања за интервенција на градските инспектори по однос на несовесното постапување од страна на поединци при одлагање на комунален отпад и загадувањето на животната средина.