Македонецот Мартин Саздов стана светски првак во Дота 2, заедно со тимот освои 8,5 милиони долари
Homepage
›
News
›
Aktualno
›
Македонецот Мартин Саздов стана светски првак во...
27-годишниот Мартин Саздов - Сакса од Свети Николе е еден од најпознатите македонски е-спорт играчи, а неодамна заедно со неговиот тим „Tundra Esports“ успеа да го освои трофејот на Светското првенство во Дота 2.
Светското првенство се одржа во Сингапур, а тимот ја освои титулата, победувајќи го „Team Secret“ со резултат 3-0 во финалето кое се одржа вчера, на 30-ти октомври.
Светското првенство во Дота 2, познато и како „The International“ има неверојатен фонд за награди, а оваа година истиот изнесуваше речиси 19 милиони долари. Светскиот првак, во овој случај „Tundra Esports“ добива 8,5 милиони долари, а според проценките, Мартин од овој турнир заработил 1.765.000 долари, што е негова најголема заработка од 2015 година.
Ова е најголем успех за најдобриот македонски играч во Дота 2, но и досега најголемото достигнување на било кој македонски е-спортист.
За прв пат по две илјади години античкиот римски Колосеум ќе биде домаќин на борби на гладијатори – иако исценирани – благодарение на спонзорскиот договор од 1,5 милиони долари со Airbnb, чија цел е да промовира „поодговорен туризам“.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 4 703 216 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година се намалени за 14.4 %.
Од Lufthansa директно не ги коментираа најавите за отпуштања, но изјавија дека сакаат да ги намалат административните трошоци за 20 отсто до 2028 година и повеќе да ја користат автоматизацијата и новите дигитални технологии, како што е вештачката интелигенција
Податоците собрани од страницата „Trip.com“ укажуваат на зголемување од 344 отсто на годишно ниво на резервациите во периодот од јануари до октомври 2024 година. Скокот во бројот на резервации платформата го припишува на луѓето кои во едно патување сакаат да доживеат различни искуства и да посетат различни места.
Речиси 30% од сите комерцијални недвижнини ќе бидат флексибилни работни канцеларии до 2030 година, бидејќи се повеќе компании го преземаат хибридното работење.