DS Smith, како компанија која работи за подобра иднина и поставува стандарди за општествена одговорност во Македонија е секогаш отворена за поддршка на настани и иницијативи како што е Симпозиумот за земјоделство и храна ISAF 2022
Во организација на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје, а со поддршка од компанијата DS Smith, во период од 12-14 октомври во Охрид се одржа 4. Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна - ИСАФ 2022.
Овој симпозиум претставува продолжување на традицијата на средбата факултет - стопанство, што оваа година се одржа по четиринаесетти пат, a компанијата DS Smith беше поддржувач на овој настан, преку изработка на сите потребни материјали од картон.
„Организацијата на еден ваков симпозиум е од голема важност, посебно поради тоа што се одржува во момент кога светска топ тема е производството на храна. DS Smith, како компанија која работи за подобра иднина и поставува стандарди за општествена одговорност во Македонија е секогаш отворена за поддршка на настани и иницијативи како што е Симпозиумот за земјоделство и храна ISAF 2022.“ – велат од DS Smith.
Заинтересирани сте за работа во DS Smith?
Во моментов DS Smith има потреба од Специјалист за продажба и Маркетинг специјалист - АПЛИЦИРАЈТЕ!