Услугите на оваа топлана ги користат 500 домови, 13 училишта, градинките и здравствените домови во Чаир, Бутел и Топанско Поле. ЕСМ нема правен основ да му дава директни субвенции на „Скопје- Север“...
Топланата „Север“ од вчера ја стопираше испораката на парно греење за своите корисници, бидејќи како што велат од компанијата, немаат пари за природен гас, ниту пак, помош од државата.
Услугите на оваа топлана ги користат 500 домови, 13 училишта, градинките и здравствените домови во Чаир, Бутел и Топанско Поле. ЕСМ нема правен основ да му дава директни субвенции на „Скопје- Север“, а договорот за деловно-техничка соработка, приватниот субјект одбива да го потпише, велат од Електростопанство.
По потпишување на договорот и пресметките за цената за топлинска енергија, треба да се побараат субвенциите за грејната сезона 2022/23.
Од примените субвенции и од остварената наплата од потрошувачите, АД „Скопје- Север“ ќе треба да ги врати средствата кон АД ЕСМ, примени како помош со договорот, одговорија од ЕСМ.