Само едно шише на вода со вкус ги задоволува 70 проценти од препорачаната дневна количина на шеќер за дете до три години, според податоците објавени од страна на словенечкото Здружение на потрошувачите. Истата количина на вода е доволна да задоволи 30 проценти од дневните потребни на возрасна личност. Причината поради која се занимавале со оваа тема и истражување е фактот што со години на Балканскиот пазар продажбата на овие пијалаци расте, пред се затоа што потрошувачите се убедени дека водата со вкус е здрава.
Недостаток на свест кај потрошувачите и фактот дека се повеќе се рекламира водата со вкус како подобра од онаа обичната додавајќи дека е збогатена со минерали и електролити придонесуваат продажбата на овие производи секојдневно да расте Тие изгледаат како обична вода, но со овошни слики и етикети на кои пишува "намалена енергетска вредност", "овошна база" или "внимателно одбрани ароми". Некои, исто така, посочуваат дека се наменети за најмладите потрошувачи.
А што всушност содржат? Шеќери и тоа само половина литар вода со вкус на овошје може да има од 10 до дури 29 грама шеќер.
Водата со вкус и арома најчесто се консумира место газираните пијалаци, мислејќи дека е поздрава и помалку калорична што всушност е вистинска заблуда. Водата со вкус всушност е полнета од водовод велат експертите и вештачки збогатена со минерали и електролити а на тоа вештачки и е додадена арома на овошје (немаат ни грам овошје) и шеќер за кој веќе зборувававме -Тогаш што е тука здраво, прашуваат експертите?
Овие води ниту се здрави ниту се диетални напротив тие се вистински шеќерни бомби!
Според податоците од Хрватска, како и во Србија, во последните четири години, продажбата на овие пијалаци се зголемила за 23 отсто, а паралелно и асортиманот на полиците се зголемил за трипати.