Германската влада донесе одлука да исплати 200 евра еднократна помош за да ги ублажи последиците од поскапувањето на енергенсите за учениците и учесниците во стручните училишта.
Околу 3,4 милиони ученици и учесници во стручните училишта во Германија треба да имаат корист од оваа мерка, која е дел од пакетот помош за германските граѓани, кој треба да ги ублажи финансиските последици од поскапувањето на енергенсите, особено гасот.
Студентите можат да поднесат барање за плаќање на посебна веб-страница, а условот е на 1 декември годинава да се запишат на некој од факултетите во Германија и да имаат регулиран престој во оваа земја.
Покрај овие 200 евра, веќе се планирани 575 евра помош за зголемените трошоци за парно за студентите со послаба финансиска состојба кои се во државната програма за кредитирање на студиите.
Вработените и пензионерите ќе добијат по 300 евра како дел од пакетот помош. Пакетот за помош предвидува наплата на сметките за бензин за декември и воведување плафон за цената на гасот од март следната година. Над 300 милијарди евра се издвоени за вкупно три пакети помош од сојузната влада, кои треба да ги ублажат финансиските последици за граѓаните од значителното поскапување на енергенсите.