Со оглед на тоа што утрово не разбудија обилни врнежи од дожд, оваа информација ќе ви биде многу корисна
Не ретко се случува некој возач на кој многу му се брза да не внимава и кога има вода и дожд по улиците, да не испрска и да си продолжи со голема брзина како ништо да не се случило.
За да бидат казнети несовесните возачи мора да бидат фатени во моментот кога го извршуваат делото или пак казнувањето е можно ако возачот го запре возилото или полицаец да биде директен сведок на настанот.
Сообраќајниот полицаец треба на самото место да го констатира прекршокот, а доколку нема полицаец во близина, една од опциите е да се јавите на 192 но притоа да го здржите возачот и тој да признае што направил.
За ваквиот прекршок казната е 35 евра во денарска противредност, како и 15 негативни поени.