Во денешните динамични услови на пазарот на трудот, да се опстане цел работен век и да се гради кариерна патека во една иста компанија е вистинска реткост. Жито е една од ретките компании која може да се пофали со ваква успешна приказна
Разговаравме со Јоле Велковски, кој денес е Референт во сектор комерција во Дирекцијата на Жито Маркети. Јоле своето искуство во Жито Маркети го започнал уште во 1988 година, кога работел во првиот маалски дуќан на семејството Ѓошевски во Велес. На почетокот работел како продавач, за подоцна да напредува од набавувач на роба, до раководител на магацин, се до сегашната работна позиција како референт во Сектор комерција.
Го прашавме повеќе за неговите почетоци во компанијата?
Јас сум еден од првите четворица вработени во ЖИТО. Сè започна во 1988 година година, кога почнав да работам во првиот маалски дуќан за трговија на мало, во Велес во сопственотст на семејството Ѓошевски кој според тогашните законски прописи го имаше називот СТД Тања (СТД - самостоен трговски дуќан) - се присетува Јоле.
Имајќи во предвид дека бевме само 4 (четворица вработени), извршував повеќе работи во рамки на дуќанот, редев роба, работев на каса и услужував на фрижидер. Тогаш беше поинакво време за разлика од сега, неспоредливи се околоностите. Порано конкуренцијата беше слаба, немаше многу маркети кои функционираа на пазарот, немаше толку многу производители и дистрибутери како сега, туку сами си ја набавувавме робата. Сами го снабдувавме маркетот со леб, млеко и други производи. Следно, работев како набавувач на роба и ги снабдував маркетите со роба. Бев млад и енергичен, чесeн и посветен на работата.
Како изгледаше вашата кариерна патека во Жито Маркети?
Со текот на годините, со константното растење и развој на Жито, се проширува мрежата на маркети, најнапред низ Велес а потоа, се отвора и првиот маркет во Скопје во 1998 година. Вистинската експанзија на брендот се случува 2014-2015 година кога се отвараат повеќе од 20 маркети ширум цела држава. Денес со своите 64 маркети и преку 800 вработени сме еден од водечките синџири на маркети.
Јас ги поминав сите скалила во компанијата, работејќи како продавач, набавувач на роба, раководител на магацин, а сега работам во Дирекција, како референт во Сектор комерција. Горд сум што сум успеал толку долго да се одржам во компанијата, цел работен век го поминав во Жито.
Што значи да се биде дел од тимот на Жито Маркети?
Лојалноста и довербата се вредности кои мене ме карактеризираат како вработен со најдолго работно искуство, а со сигурност можам да кажам дека ова се вредностите кои ги негува целата компанија, особено преку Програмата за лојални вработени која опфаќа бројни бенефиции за нас вработените.
Многу пријателства, соработки со колеги, почит и сплотеност, позитивна енергија и хармонија, се непроценливи вредности кои ги поседува брендот Жито, а кои мене ми ги одбележаа овие 30 години кариера.
Што би им препорачале на кандидатите кои размислуваат да му се придружат на тимот на Жито?
Би ги поканил и охрабрил да го направат тоа и да очекуваат топло добредојде. Ќе бидат пречекани со поддршка и внимание и од колегите и од претпоставените.
Она што сакам да им го порачам на сите идни генерации е да бидат упорни и истрајни во своите намери. Бидете храбри и не отстапувајте од она што вистински сакате да го постигнете. Работете вредно и чесно. Донесете правилна одлука за избор на вистинска компанија, која ќе ви обезбеди стабилна иднина.
Следи ја компанијата и биди во тек со сите нови огласи од Жито Маркети