Светското првенство во моментов се одржува во Катар, каде што се наоѓа и репликата на трофејот, подготвена за репрезентацијата која ќе го освои турнирот на финалето на 18 декември.
Седиштето на компанијата GDE Bertoni е мала зграда сместена во индустриска зона во Падерно Дугнан, град на периферијата на Милано во северна Италија, јавува Anadolu Agency (AA).
Зградата е на два ката со канцеларии и работилници и десет вработени. Компанијата е една од десетиците илјади мали и средни компании кои го формираат столбот на италијанската економија и придонесуваат земјата да стане една од најпросперитетните во светот.
Токму овде, во последните 50 години, тие произведуваат еден од најпознатите предмети на планетата - трофејот од Светското првенство.
На почетокот на 1970-тите, откако Бразил по трет пат го освои трофејот „Жил Риме“ на Светското првенство во Мексико Сити против Италија, започна приказната за најпознатиот трофеј во светот.
Според тогашните прописи на ФИФА, трите победи на првенствата во 1958, 1962 и 1970 година значеа дека Бразилците го однесоа трофејот „Жил Риме“ дома, наместо да го вратат во седиштето на Светската фудбалска федерација во Цирих, како што беше претходно.
Купот „Жил Риме“ беше преоден додека една екипа не ја освои титулата светски шампион три пати. Бразил успеа во тоа во 1970 година, па трофејот стана нивна трајна сопственост. Во просториите на Фудбалскиот сојуз на Бразил беше 13 години.
Тогаш ФИФА ја препозна потребата за дизајнирање и производство на нов трофеј и започна меѓународен конкурс на кој пристигнаа 53 примероци од целиот свет.
Меѓу нив беше и примерот дизајниран од миланскиот скулптор Силвио Газанига, уметнички директор на компанијата Бертони, кој и денес е високо ценет, дури шест години по неговата смрт.
„Идејата за овај трофеј потекна од него и мојот дедо, Еугенио Лоса“, рече Валентина Лоса, извршен директор на Бертони, семејна компанија од четвртата генерација основана во раните 1900-ти.
"Првично, на дизајнот беа прикажани двајца голмани како ги креваат рацете и ја држат топката над главите. По разни дискусии, скицата на скулптурата беше сменета, а двајцата голмани беа заменети со два ангели на победата. А наместо топката, беше исцртан глобусот“, изјави Лоса.
Внатре во работилницата вработените се грижат за изработка на трофеи. Прво се обработува со чекан, се бруси, а потоа се полира. Потоа, преминувајќи од рацете на еден работник во рацете на друг, се натопува со сода бикарбона и се потопува во разни течни раствори. На крајот се лакира.
Трофејот е долг 38 сантиметри и тежок 6,2 килограми.
„Постои само една оригинална копија од трофејот од Светското првенство што останува кај ФИФА. Тој трофеј оди кај победничката екипа за време на доделувањето на наградите по финалето. Направен е од 18-каратно злато, а подоцна ФИФА ни го враќа за да го изгравираме името на победничката екипа“, објасни Лоса, додавајќи:
„Победничкиот тим добива реплика на пехарот, не од злато, туку од златен месинг, на кој е изгравирано името“, изјави Лоса.
Но, во Бертони, кој исто така произведува трофеи за Лигата на Европа, УЕФА Суперкупот и трофејот во Лигата на шампионите, работниците веќе работат на производство на трофејот за Светското првенство во 2026 година, чиј домаќин заеднички ќе бидат Канада, САД и Мексико.
Оваа италијанска компанија секогаш го подарува пехарот за победникот на Светското првенство четири години однапред .
Фабриката GDI Bertoni, која се наоѓа во близина на Милано, со години произведува трофеи и медали за најдобрите фудбалски тимови, вклучувајќи го и трофејот за победниците на Светското првенство.