Јас сум мајка која скоро секогаш заборава да му даде на детето Д3 капки и заборава да го намачка со средство против комарци и го заборава кремот за сончање ! Мајка сум која понекогаш на детето му дава сладолед за вечера ! Да и за тоа сум виновна !
" Јас сум мајка која ги учи децата дека е убаво да се спие и дека нема потреба да се станува пред девет часот ! Јас сум мајка која на детето , веднаш по утринскиот бакнеж, му пушта цртан филм бидејќи така добива бесплатен половина час за кафе !
Јас сум мајка која го остава помалото дете да поплаче за на мир , со постарото дете да ги озборува бабата и дедото ! Јас сум мајка која има куп садови за миење и облека за пеглање , која на крај завршува непеглана во ормар ! И мајка која заедно со својата ќерка , на колена го брише подот во кујната ! Јас сум мајка која престанала да ги опоменува децата дека трошките леб , деловите од смоки и чоколадо не се јадат од подот ! Јас сум мајка на која детето и паднало од кревет , бидејќи било поподвижно отколку што сум се надевала !
Јас сум мајка која од лего коцки може да направи се , па дури и Црвенкапа и волкот ! И печурка ! И дрво ! И чекан за потоа се да расипеме ! И мајка која ги знае сите епизоди на Ноди напамет и мајка која знае каде исчезнале Телетабиси ! И мајка која ќе ја изеде последната коцка чоколадо а ќе му каже на детето дека нема повеќе бидејќи таа се изела ! И мајка која во спалната соба ќе подигне шатор за спиење бидејќи се е затнато и нема каде да се помине ! И мајка која во секоја минута знае која играчка каде е !
Јас сум исто така мајка која понекогаш заборава да му даде вечера на детето , па не може цела ноќ да спие од мака , бидејќи се плаши што детето спие гладно ! И мајка која понекогаш намерно го прескокнува бањањето на детето бидејќи е уморна ! Но мајка сум која никогаш не ја прескокнува приказната пред спиење иако на сред раскажување ќе заспие ! Јас сум таа која наутро го остава детето да цимоли , бидејќи такво изгрејсонце просто мора да се фотографира ! Јас сум мајка која скоро секогаш заборава да му даде на детето Д3 капки и заборава да го намачка со средство против комарци и го заборава кремот за сончање ! Мајка сум која понекогаш на детето му дава сладолед за вечера ! Да и за тоа сум виновна !
Мајка сум која го остава детето во паркот да се бори за своите права и да се расправа со другите деца а радо би скокнала некому да ја откине главата ! И мајка која го пушта детето на тобоган а потоа шокирано го гледа како се спушта и го дочекува со огромно “ Бравооо " !!!
Мајка сум која им ја дава празната амбалажа на децата да си играат а потоа гледа како станот и се претвора во депонија ! Но се ни треба ! И мајка која на 32 години си купува плав лак за нокти со светки бидејќи знае какво воодушевување ќе предизвикаат плавите нокти на мама ! Исто така , јас сум мајка која може да не спие 4 дена и 4 ноќи , да седи на креветот и да го држи за рака своето болно дете ! И мајка која и кога е најуморна и најмногу и се спие ќе стане за да го смири своето уплашено дете кое сонувало крокодил !
Јас сум мајка која нема по 20 години да ја земе книгата во раце и да рече “ Ова ве одгледа ” ! Јас сум мајка која ќе застане пред нив и ќе рече “ Јас ве одгледав " ! И грешев ! И се мачев ! Но затоа сега сте искрени луѓе кои ги обожавам и кои ме обожаваат ! А сега губете се и бидете среќни ! ”
~ ПРЕВЗЕМЕНО ~