Продолжува периодот на променливо облачно време со релативно високи утрински температури.
Под влијание на влажен бран, за време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд, кои во недела на места ќе бидат пообилни.
Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Од понеделник се очекува заладување што ќе услови провејување на снег и во некои пониски места.
Прогноза за 09.12.2022
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 14°C
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 10.12.2022
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 11°C до 15°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта кон недела. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 11.12.2022
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец .