Management Solutions – компанија која работи на проекти и обезбедува консултантски услуги во доменот на HR и business development за македонски и странски компании, ве поканува со учество на еднодневен настан наменет за сите работодаватели, менаџери, раководители и вработени во доменот на човечки ресурси и цела бизнис заедница.
Темата на настанот се бенефитите кои компаниите и вработените ги имаат од спроведување на Upskilling и Reskilling процеси.
Upskilling во рамки на компанијата значи да се обезбеди обука или програма која го подобрува постоечкиот сет на вештини на вработениот, овозможувајќи му да расте во неговата сегашна улога и да донесе додадена вредност на организацијата или да напредува во компанијата вертикално во полето во кое работи.
Reskilling во рамки на една компанија значи еден вработен да се преквалификува за нова позиција. Овој процес најчесто се користи кога работното место на работникот станало вишок поради промена на техологија или некоја друга причина и работодавачот сака да го задржи работникот со тоа што ќе го обучи во нова дисциплина.
Целта на овој настан е креирање на свесност за важноста и значењето на процесите на доквалификација и преквалификација на компаниско ниво, позитивните ефекти и резултати од имплементација на истите и начин на спроведување на истите.
- Датум на одржување на настанот: 21.12.2022
- Почеток на настанот: 14:00 часот
- Времетраење на настанот: 4 часа
- Локација: Netaville
За учество на настанот е потребна претходна регистрација, настанот е од отворен карактер.
Бројот на учесници е ограничен и ги замолуваме сите што сакаат да присуствуваат на настанот да го пополнат формуларот.
Главните теми кои ќе бидат опфатени за време на настанот се следните:
- Вештини на иднината vs вештини од минатото - skills = the currency of the future
- Како до креирање на компаниска стратегија за upskilling и reskilling која е одржлива?
- Добри практики и успешни приказни на upskilling и reskilling
- Assessment centar - главна алатка за спроведување на upskilling и reskilling програми
- First time manager – програма на Management Solutions за развивање на нови генерации на менаџери
- Како приватните академии го поддржуваат процесот на upskilling и reskilling?
На учесниците ќе им биде доставена детална агенда на настаните и локација на одржување на настанот.
За повеќе информации, контактирајте не на managementsolutionsdoo@gmail.com или на телефонскиот број 075 334 530