Прочитајте повеќе на оваа тема: Зошто шахот треба да биде задолжителен предмет во училиште?
По неизвесна борба до последното коло, првото место го освои Грција, додека сребрениот медал им припадна на словенечките шахисти.
Боите на македонската репрезентација на Балканијадата ги бранеа Емил Ристески, Андреј Велјановски, Леонид Петрески, Антон Златков и Моника Жежовска, предводени од селекторот Орце Данчевски.
- Ова беше одличен завршеток на оваа година во која нашите младинци во неколку наврати покажаа одлични игри и добри резултати, и се надеваме дека во наредните години ќе имаат уште подобри резултати, соопшти Шаховската федерација на Македонија.