Такси компаниите не планираат на ги намалат цените на услугите заради намалувањето на цената на горивата. Пандемијата и економската криза го преполови бројот на такси компании во државата, а оние кои работат се соочуваат со недостиг на кадар и со конкуренција на нелиценцираните превозници.
Растот на цената на горивата минатите месеци резултираше со поскапување на такси услугите. Сега кога цената на горивата паѓа, граѓаните очекуваат да поевтини такси превозот.
Цената на такси превозот не зависи само од горивото. Поскапена е работната сила, деловите за возилата, поскапени се сите услови за работа. Се бориме за опстанок, вели претставникот на штипските таксисти.
Би можело да ве интересира: Кога ни стигнува нова цена на струјата?
Првиот економски удар такси компаниите го почувствуваа во пандемијата, а со енергетската криза тој се зголеми. Повеќе од половина од такси компаниите од пред пандемијата ставиле клуч на врата.
Сериозен проблем се и таксистите кои возат на црно, проблем кој го има во сите градови, но најприсутен е во Тетово, каде има околу 350 нелиценцирани такси возила и само 25 кои возат согласно законот.