Фондот за здравствено осигурување вработува 33 лица и тоа одеднаш!
Вчера на страницата на агенцијата за администрација се појавија два отворени огласи за прием на административци и во двата се отворени по 15 работни места, а вкупно ќе се вработат 33 службеници.
Платите се движат до 25.000 денари, а има и пониски до 18.000 денари.
Вработувањата се и за Скопје и но има оглас и за Свети Николе како и за Гостивар, Куманово, Демир Хисар...
Се бараат: соработник за спроведување на меѓународни договори за социјално осигурување, стручен соработник III ниво за трезорско работење, соработник за контрола во здравствените установи, стручен соработник за преведување и толкување, стручен соработник за управување со човечки ресурси, соработник за следење на склучени договори за јавни набавки, како и соработник за договори со здравствени установи.
На овие линкови се огласите:
Првиот оглас е за вработување на 16 државни службеници - ОГЛАСИТЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ НАЈДЕТЕ НА ЛИНКОТ
Во вториот оглас, кој е за 17 извршители, платите се нешто пониски, од 23 до 25 илјади денари - ЛИНК ДО ОГЛАСИТЕ