Ако сакате брзо да го пополните паричникот, треба што побрзо да набавите Красула Овата, познато како дрво на пари, според Фенг Шуи.
Ова растение за одгледување не бара многу, отпорно е, а ако водите грижа за него може да трае долго.
Се што му треба е светлина зошто без неа листовите ќе се осветлат, а растението ќе се издолжи, а за време на горештините може да се изнесе и надвор. Тогаш е потребно повеќе да се залева, но тоа треба да се прави тогаш кога земјата е потполно сува.
Се верува дека ова растение привлекува многу пари.