Сопствениците на станови во комплексот „Џевахир“ добија греење!
Околу две недели станарите немаа централно греење, а поради тоа што преку истиот систем се загрева и вода, тие немаа ниту топла вода.
Ова е трет пат во последните месеци како се случува станари да останат без греење и топла вода, поради, неплатен долг од фирмата која ја одржува зградата кон ЕВН, од каде исклучуваат броила кои за кои нема подмирено сметки.
Дел од станарите кои ја контактираа редакцијата, тврдат дека редовно си ги подмируваат сметките.
извор: infomax.mk