100 000 денари за некого се многу за некого малку се до тоа со кого се споредувате. Така Агенцијата за цивилно воздухопловство каде платите се едни од највисоките во Македонија во годината што следува, за плати на своите вработени ќе им подели 126,7 милиони денари, или 2,06 милиони евра. Ако се има предвид, пак, дека во оваа институција која е воздухопловна власт во земјава, во моментов има 70 вработени, излегува дека тие во просек ќе земаат по 151 илјада денари бруто по човек месечно. Или, тоа просечно би дошло по 101 илјада нето плата по вработен месечно, Пишува faktor.mk
Би можело да ве интересира: Се планира воведување нов, вонреден данок на екстра добивка?
Се разбира дека ова е просекот од 70 вработени, и треба да се има предвид дека раководните лица земаат далеку повисоки плати, за разлика од оние кои имаат пониски позиции.
Но од таму велт дека овие плати се ниски ако се споредат со другите на Балканот:
„Примањата на вработените се во согласност со меѓународните регулативи за нивото на платите усогласени со платите во авиоиндустријата, при што во Република Северна Македонија тие се пониски од платите на вработените во регулаторните тела од соседните држави, и од давателот на услуги во воздухопловната навигација (М-НАВ – н.з). Токму поради тоа Агенцијата доаѓа до потешкотии при обезбедување на високостручни воздухопловни кадри со потребни обуки. Нивото на платите на вработените мора да биде на она ниво што ќе обезбеди мотивациона активност за остварување на квалитетен надзор над учесниците во авиосообраќајот, да создава услови за подигање на одговорноста во работењето, а со тоа и подигнување на нивото на сигурноста и безбедноста на нивото во воздушниот сообраќај и воздушните прелети над територијата на РСМ“, се вели во образложението кое го дале од АЦВ.