Командир, заменик командир, раководител на смена и шестмина полициски службеници с еосоменичени за злоупотреба на сложбената положба и за поткуп
Командирот и заменик командирот на полициската станица на граничниот премин „Табановце“ се меѓу деветмината уапсени во вчерашната акција на МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал. Меѓу уапсените се и раководител на смена на преминот како и уште шест полициски службеници.
Тие се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување како и за примање поткуп.
Според неофицијални инфoрмации на граничниот премин е најдена кутија во која имало засега непозната сума на денари и девизи. Од МВР официјално нема потврда што е откриено и запленето кај осомничените полициски службеници.
Акцијата која вчера ја изведе МВР во содејство со Обвинителството за организиран криминал траеше неколку часа поради што граничниот премин „Табановце“ беше затворен за сообраќај и се создаде поголема колона на возила и патници кои негодуваа поради времето минато во чекање на преминот.