Додека бил жив, некои го сметале за гениј, а други за "фрик". Дизајнерката Коко Шанел го нарекла Фројд првиот маж феминист. Неговата кариера ја одбележаа две нешта – разоткривањето на мистериите на човековиот сон и „наоѓањето“ на клучот за потсвеста.
Ова е неговиот најинтересeн тест. Пред Вас се неколку прашања. Најважно е многу искрено да одговорите на нив. Не размислувајте многу, кажете го она што прво ќе го помислите. Можно е на различни прашања да ги дадете истите одговори. Не преминувајте на следното прашање додека не го одговорите претходното. И секако: не ѕиркајте во резултатите.
Прашања:
- Гледате во море. Кое е вашето прво чувство?
- Одите низ шума и гледате во своите нозе. Што чувствувате? (времето за одговор на ова прашање е 30 секунди)
- Гледате галеби во лет. Што чувствувате?
- Гледате стадо коњи. Кое е вашето прво чувство? Не размислувајте долго…
- Во пустина гледате ѕид со мал отвор, а зад него има оаза. Што ќе направите?
- Повторно пустина. Уморни сте од долгиот пат. Гледате сад со вода. Што ќе направите? Можеби ви звучи банално, но запишете го одговорот на лист хартија.
- Изгубени сте во шума. Се смрачува. Гледате куќа со осветлен прозорец. Што ќе направите?
- Во магла сте. Како ќе се однесувате? Што ќе направите?
- Вашиот однос кон животот, емоциите, чувствата.
- Како се чувствувате кон своето семејство.
- Вашиот однос кон жените.
- Вашиот однос кон мажите.
- Вашата основна животна стратегија, цел. Како ги решавате своите проблеми.
- Вашиот сексуален живот. Изборот на партнери.
- Вашата подготвеност за брак. За оние кои се во брак – вредноста на бракот.
- Вашиот однос кон смртта.
извор: kurir.mk