Внимателно возете на патеката кај КиМ, на Партизанска, меѓу Соборен Храм и Ленинова, северна страна.
Поради изградба на станбен објект поставени се тараби што го стеснуваат просторот за пешаци и велосипедисти, а дополнително поставено е црево до шахтата, над кое има метална конструкција и шахтата е полуотворена
- Бараме итно бележење на овие препреки, а дополнително сега и во иднина да се обезбедува безбеден простор за движење на коловозот во ситуации во кои се узурпира пешачкиот и велосипедскиот простор за време на градба. Ако Градот ги става на прво место пешаците, велосипедистите и останатите ранливи групи (кои дополнително не загадуваат и чие движење треба да се стимулира) тогаш ќе се грижи тие безбедно да се движат, додека истовремено ги дестимулира загадувачките превозни средства, велат од иницијативата „На Точак“.
извор: skopjeinfo.mk