Жито Маркети свечено го отворија стопанскиот комплекс кој официјално станува нов дом на групата сестрински компании поврзани со овој национален малопродажен синџир. Админстративно-деловната зграда е лоцирана во непосредба близина на Велес, а во неа ќе функционираат стотина вработени од Жито Маркети и од партнерските компании и брендови. Во фокусот на деловното работење, освен малопродажбата, се и генерирањето, производството и промоцијатата на сопствените, но и на други приватни брендови.
Целиот објект е со површина од околу 4.200 м², проектиран е и граден по највисоките стандарди за згради од ваков карактер и е целосно енергетско-ефикасен.
“Генералната идеја беше на едно место да се интегрираат сите сестрински компании и брендови, како и сите меѓусебни процеси. Меѓутоа, не само од организациски, просторен, работен или од финансиски аспект. Туку и од аспект на креирање на што е можно подобра работна инфраструктура, опрема, можности за сите коишто ќе работат тука да се чувствуваат комотно, продуктивно, во работна околина што ги почитувa нивните барања.”, вели Далибор Ѓошевски, сопственик на Жито Маркети.
Одговорните во компанијата појаснуваат дека вработените во новиот обејкт, покрај работната дневна рутина, ќе имаат можност дел од времето да го поминат во специјално подготвениот простор и да го искористат за релаксација во текот на работното време. Кон овој концепт, по угледот на големите светски компании, во комплексот се уредени и комплетна кујна и ресторан за вработените.
“Кујната и ресторанот даваат дополнителна вредност на целиот овој објект. Тука секојдневно ќе се хранат вработените, со однапред дефинирани менија по избор, почитувајќи ги диететските преференци на секој вработен”, велат во Жито Маркети.
Новиот комплекс има голем магацински простор на два ката, со вкупно 3.000 м² површина, има десет електрични порти / влезови за товар и истовар на стока и е опремен со современи рафтови и друга врвна опрема. Дванаесетте разладни комори се на вкупна површина од 1.800 м², со четири лифтови. Комплексот може да биде целосно независен од електричната мрежа на подолг период, бидејќи располага со самостоен агрегат од 55 KW.
Им честитаме и им посакуваме уште многу професионални успеси и успешна работа!
Следи ја компанијата и биди во тек со сите нови огласи од Жито Маркети