Познатиот Бразилец Пеле почина на 83-годишна возраст. Тој беше крал на фудбалот и така го нарекуваа до последниот ден. Тој му донесе на Бразил три светски шампионски титули и беше еден од најголемите што некогаш го играле најпопуларниот спорт.
Би можело да ве интересира: Кој е најмоќниот човек на Катар кој го прегрнуваше Меси како мало дете? Првата сопруга му е роднина, а за неговата мајка зборува цел свет
Почина во родната земја, како последица од рак на дебелото црево, со кој се бореше од 2021 година. Последниот месец беше во болница и од ден на ден доаѓаа лоши вести за неговата состојба. Неговиот агент Жо Фрага потврди дека Пеле починал. Пеле на Бразил му ги донесе светските шампионски титули во 1958, 1962 и 1970 година. Засекогаш ќе има дискусии дали тој бил најдобриот фудбалер досега, но ретко кој ќе може да се нарече толку голем шампион.
Заминувањето на култната бразилска „десетка“ ќе ја обедини неговата нација во тага. Британската кралица Елизабета Втора го прогласи за витез во 1997 година, а тој го популаризираше својот спорт таму каде што дотогаш не беше популарен – во САД. “Јас сум Роналд Реган и јас сум претседател на САД. А вие не мора да се претставувате, бидејќи целиот свет знае кој е Пеле”, велеше американскиот претседател на приемот кој покажал колку голем беше тој.