Глобална студија открива дека жителите на Холандија се физички најактивни во светот вежбајќи 12,8 часа неделно. Клучот – дизајнирање на активноста во секојдневниот живот.
Просечниот Холанѓанец, според студијата, поминува околу 1.098 километри годишно со велосипед.
Новата глобална студија на Ipsos, спроведена со Светскиот економски форум, ги истражува ставовите кон спортот и генерално открива дека на глобално ниво повеќето луѓе (58%) би сакале да вежбаат повеќе, но велат дека немаат време да го прават тоа (37%). Притоа, граѓани на пет земји велат дека трошат помалку од четири часа неделно на вежбање – Франција, Чиле, Италија, Јапонија и Бразил. Една третина од Јапонците велат дека не прават вежби воопшто во нормална недела, проследено со три од десет Бразилци, една четвртина од Италијанците и Полјаците. Само четири проценти во Холандија , наспроти нив, не вежбаат воопшто.
Студијата покажа исто така дека мажите се бават со спорт повеќе од жените, односно тие поминуваат 6,9 часа неделно правејќи физички вежби, или речиси еден час на ден, додека жените поминуваат по 5,4 часа недела во просек – односно 1,5 часа помалку од мажите.
Фитнесот и трчањето се најчести спортски активности, практикувани од 20% и 19% испитаници, по што најпопуларни се велосипедизмот и играњето фудбал.