Снежана Марковиќ од Горњи Милановац, која 20 години коле и пече свињи, јасно покажува дека во Западна Србија нема поделба меѓу машките и женските работни места.
Кога се омажила, најпрво им помагала на постарите, но сакала да стане газдарица, продолжила да ја усовршува техниката и станала една од ретките жени кои можат да се натпреваруваат со мажите во овој бизнис.
„Кога почнавме со работа, сé беше поинаку од денес, имаше голема количина прасиња, па јас бев таму да помогнам кога ќе им треба нешто, да донесам, однесам, маж ми нон-стоп ги средуваше прасињата. Почнавме многу скромно, а подоцна како што напредуваше работата вработивме неколку луѓе и јас потоа почнав да работам со производство. Порано се работеше поинаку, беше многу потешко, денес сè оди многу побрзо, но јас сум тука да помогнам и ако е потребно да заколам свиња на старомоден начин“, вели Снежана Марковиќ.
А кога ќе го заврши целиот процес од колење до печење, Снежани како од шега ќе го послужи овој српски деликатес на вашата трпеза.
Не може да се каже дека секогаш е лесно, но Снежана, ја сака оваа работа, а како што истакнува најважно е секогаш да ги почитувате луѓето. “Сега за време на празниците имаме многу муштерии и од Белград. Пред короната се произведувало повеќе, а сега капациетот е намален, но повторно народот се држи до тие обичаи”. Семејниот бизнис го одржуваа до денес, благодарение на тоа што сите членови на семејството работат како добро координиран тим, a од нивните фурни излегуваат највкусните печеници.
„Почнавме со само една мала фурна, беше доста тешко, а потоа полека го проширувавме бизнисот од година во година“, вели нејзиниот сопруг Драган.
Иако поскапувањата си го направи своето, деновиве во пресрет христијанските празници, Марковиќи имале полни раце работа затоа што обичајот за печено свинско месо на божиќната трпеза.