Да му дадете до знаење на некого дека сте заинтересирани за него во викторијанско време се правело на различни начини, а многу од правилните начини на флертување не само што биле комплицирани, туку и прилично смели.
Визит - картичките во минатото биле популарниот Фејсбук денес
Идејата за визит-картичка, едноставен тип на картича со име на неа, била многу популарна прво во Франција, а потоа и во Велика Британија, почнувајќи од 18 век. Имањето сребрен послужавник полн со визит-картички бил еден вид листа на пријатели на Фејсбук од 19 век.
Картичките криеле секакви пораки, некои имаа песни, гатанки или слики, а историчарите се прилично сигурни дека тие не биле сфатени целосно сериозно. Тие служеа повеќе како еден вид почеток на разговор.
Биле дами, се однесувале отмено и воздржано, но сепак во нив горела врела желба за заведување. Биле смели и провокативни, а во исто време и недостижни. Се служеле со мали трикови, со своите мали ракавици, марамчиња и чадори за сонце за да заведат. А оној што требало точно знаел кога и како да го прочита знакот.
"Те сакам“ било премногу едноставно и досадно. Сметале дека нема ништо поубаво од скриените намери и знаци кои може само да ги протолкувате.
Ова се едни од највозбудливите знаци кои имале тајна порака.
Флерт со ракавици
Да – ракавицата е во лева рака
Не – ракавицата е во десна рака
Те сакам – испуштање на ракавиците
Дали ме сакаш? – вадење на левата ракавица, оставајќи го само палецот откриен
Бакни ме – вадење на десната ракавица, оставајќи до само палецот откриен
Незаинтересираност – повлекување на левата ракавица до половина
Би сакала да те запознаам – држење на двете ракавици со врвовите на прстите свртени надолу
Биди со мене – допир на рамото
Заљубена сум во друг – допирање на брадата
Верена сум – фрлање на ракавицата во воздух
Нè гледаат – вртење на ракавицата околу прст
Не те сакам – вртење на ракавицата наопаку
Запознај ме со твоите пријатели – шегување со нив
Ослободи се од твојот пријател – склопување на ракавиците една со друга
Флерт со марамче
Да – држејќи го на десниот образ
Не – држејќи го на левиот образ
Сакам да те запознаам – марамче преку усните
Те сакам – марамче на образите
Не те сакам – поминување со марамчето на рацете
Биди со мене – фрлање на марамчето преку рамо
Нè гледаат – поминување со марамче на очите
Незаинтересираност – фаќање на марамчето со две раце
Сакам друг – вртење во десната рака
Верена сум – вртење околу прстот
Мажена сум – вртење околу третиот прст
Всушност, вртењето на марамчето низ рацете често значело љубов кон некој друг.
Флерт со чадор
Да – допир со дршката по десниот образ
Не – допир со дршката по левиот образ
Те сакам – испуштање на чадорот
Дали ме сакаш? – допир со дршката по усните
Сакам да те запознаам – отворање на чадорот со левата рака
Ми се допадна уште на прв поглед – затворање на чадорот со лева рака
Биди со мене – затворање на чадорот со десна рака
Разговарај со мене – држење на чадорот над десното рамо
Нè гледаат - вртење на чадорот
Ослободи се од твојот пријател – затворање на чадорот, свртен нагоре