Педесет и два отсто белгиски граѓани се изјаснуваат за авторитарно владеење и отфрлање на демократските институции, покажуваат податоците од социолошката студија претставена во локалните медиуми, пренесе БТА.
Меѓу ова мнозинство, 89 отсто поддржуваат враќање на смртната казна. Се прецизира дека уделот на оние кои поддржуваат промена на структурата на државата расте од 52 отсто пред пандемијата, до 66,2 отсто во јули минатата година.
Би можело да ве интересира: Брз железнички транспорт помеѓу Париз и Берлин од 2024 година
Во исто време, уделот на граѓаните кои сакаат „отворено општество“ со вистинска демократска влада се намалува за еден процент (на 21,9 проценти).