Кои за вашите права и како да си ја заштите приватноста на работното место?
Секој вработен очекува да има одредена приватност на работното место неовисно што се наоѓаат во просториите на компанијата и ја користат нејзината опрема. Заштитата на личните податоци на работниците е регулирана со Законот за работните односи. На работодавецот му се потребни основните лични податоци на вработениот заради плаќање на придонеси, осигурување и сл.
Работодавецот може да ги собира, обработува, употребува и доставува личните податоци на трети лица само доколку за тоа постои законски основ, односно заради остварување на правата и обврските од работен однос. Работодавецот треба да ги информира вработените кои лични податоци ќе ги собира, обработува и чува. Личните податоци за чие собирање не постои повеќе законски основ, веднаш се бришат и повеќе не се употребуваат. Ова се однесува и за личните податоци на кандидатите за вработување.
Вработените имаат пристап до документите кои ги чува работодавачот што содржат податоци и информации за нив, и според законот вработените можат да бараат од работодавачот да ги информира дали нивните лични податоци се обработуваат, како и целите и законската основа за обработување на тие податоци.
Во процесот на аплицирање, интервјуирање и склучување на договор за работа, работодавачот не смее да бара податоци кои се однесуваат на семејството на кандидатот, односно брачнате состојба. Брачната состојба, односно планирањето на семејството не смеат да бидат криетериум за избор, потпишување или раскинување на договор за работа.
Работодавецот може да врши видео надзор во службени или деловни простории доколку тоа е потребно за заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата, заштита на сопственоста или обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории. Вработените задолжително треба да бидат известени за вршењето на видео надзорот. Во градеробите, соблекувалните, санитарните чворови, лифтовите и другите слични простории забрането е вршење на видео надзор.
Во врска со користењето и обработката на информациите за здравствената состојба на вработените истата се базира на резултатите добиени од редовните систематски прегледи кои работодавачот мора да ги обезбеди најмалку на секои 24 месеци.
Кога станува збор за надгледувањето на е-мејл комуникацијата на вработените, работодавачот може да ја надгледува оваа комуникација преку нивните официјални е-мејл адреси откако ќе го информира вработениот за превземањето на оваа активност.
Податоците кои работодавецот ги користи за една цел не смее да ги искористи за некоја друга цел, без претходна согласнот на работникот.