Над 100 илјади учесници во анкетата на специјализираната вебстраница за традиционална храна „Тејст атлас“ ја позиционираа македонската кујна на 59. место меѓу 95 национални кујни во светот за 2022 година, со просечна оценка 3,92 од можни 5.
Љубителите на македонска храна навеле 40 јадења, а ги издвоиле селско месо, зелник, тавче-гравче, козињак и малиџано.
За најдобри ресторани во кои може да се пробаат традиционални македонски специјалитети се наведени „Камин Чамо“ (Скопје), „Мекиците од Стража“ (Кичево), „Пивница Ан“ (Скопје), „Кањон Матка“ (Скопје), „Антико“ (Охрид) итн.
Би можело да ве интересира: Како малата Молдавија се најде меѓу 10-те најголеми извозници на јаболка во светот?
Од земјите во опкружувањето пред македонската кујна се најдоа грчката на второто место, турската на седмото, хрватската е 17., српската 25., бугарската 28. и босанската 38., а подолу се словенечката на 65. место и албанската на 68.
Покрај грчката и турската кујна, во топ 10 се италијанската на првото место, потоа шпанската (3.), јапонската (4.), индиската (5.), мексиканската (6.), американската (8.), француската (9.) и перуанската (10.)
Меѓу 100. најдобри традиционални јадења во светот нема македонско, а српската плескавица е 99.