Армиски и полициски. Ова се двата типови на хеликоптери кои ги поседуваме во Македонија. Се користат за гасење на пожари, потраги и спасување на исчезнати лица, транспорт на болни до медицински установи како и за нивната примарна намена и обуки и проверки, тренажа и одржување.
Во 2022 Одделот за воздухопловни единици има реализирано значителен број на летови од страна на Хеликоптерска единица за полициски намени. Потраги и спасување по исчезнати лица – 36 летови, Транспорт на болни до медицински установи – 5 летови, Противпожарни летови – 230 летови.
Воедно, за потребите на полицијата извршени се 652 летови, како и 212 летови за обуки и проверки, 224 летови за тренажа и 12 летови за оддржување.
Хеликоптерската единица за полициски намени, во рамки на МВР постои од 1969 година и е опремена со 3 хеликоптери марка „Бел“. Катастрофалните пожари од 2021 година беа сигнал за МВР да набави најсовремена опрема. Притоа, како раководство на МВР и на Одделот за воздухопловни единици, ги препознавме овие потреби на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот.
Во 2019 година од Владата информираа дека осум компании биле заинтересирани за аплицирање на јавниот повик за јавно-приватно партнерство за хеликоптерскиот медицински систем за спасување, во кој како оператор кој понуди најмногу беше избрана САРХЕМС, компанија од Шведска, чиј застапник веќе ја регистрира фирмата во Македонија.
Но, во 2022 година Владата го раскина контроверзниот договор со САРХЕМС. Претходно потпишаниот договор, засекогаш остана тајна и медиумите и новинарите немаа увид во истиот.
Според студијата, ќе бидат потребни 13 лекари, 13 лица медицински персонал, 5 клинички координатори (кои ќе работат со скратено време) и 3 административни службеници. Се предвидува после неколку години персоналот да е целосно од земјава, но во студијата на Владата се наведува дека за такво нешто ќе бидат потребни 3 или 7 години. За набавка на еден медицински хеликоптер со опрема за одржување и радио станици потребни се од 10 до 15 милиони евра.