Лидер по корупција во Европската Унија (ЕУ) е Унгарија.
Унгарија, Бугарија и Романија се најлошо рангирани во европското семејство. Данска е најдобро рангирана, а зад неа се Финска и Шведска, според Индексот на корупција Транспаренси Интернешнл за 2022 година. Понатаму следи Нов Зеланд (87), а Сирија, Јужен Судан и Сомалија се на дното на листата, објави Политико.
Луксембург, Велика Британија и Австрија имаат намалување на нивните резултати од 2017 година, а Ирска е единствената држава-членка на ЕУ чиј резултат е подобрен.
Со оценка од 28, Русија има една од најниските оценки во Источна Европа. Оценката на Украина е малку повисока (33). Се наведува дека државата се подобрува.
Молдавија, која доби статус на кандидат за ЕУ минатиот јуни го подобри својот резултат.
Нашата земја котира лошо. Македонија се наоѓа на 85-то место на листата. Со добиени вкупно 40 поени, од можни 100, Македонија е на иста позиција во однос на перцепција на корупција со Гвајана, Индија, Малдиви, Суринам и Тунис.
Од земјите во регионот, подобро рангирани од Македонија се Словенија – 41-то место, Грција – 51, Хрватска – 57, Црна Гора- 65 и Косово – 84, но Србија и Албанија се полошо рангирани и се ставени на 101-во место.