Lacoste донесе одлука привремено да го замени своето препознатливо лого со фотографии од 10 најзагрозени видови со цел да помогне во спречувањето на нивната екстинкција
Маичките кои ги имаше во ограничени количини и кои беа направени за поддршка на кампањата “Save Our Species” која започна во текот на Paris Fashion Week на 1. март се веќе продадени.
Познатиот крокодил кој се наоѓа на левата страна на поло маичките ќе биде заменет со калифорниска морска крава, северниот спортски лемур, желката од Мјанмар, као-вит гибон, јавански носорог, калифорниски кондор, какапо, саола, суматрански тигар и Анегада Игуана.
Достапни се 1.775 маички, а застапеноста на животните е прилагодена и го репрезентира бројот на преостанати животни на кои им се заканува екстинкција.
Логото на Lacoste за прв пат се појави на маичките во далечната 1936 година, а оттогаш компанијата ниту еднаш не се одлучила да направи промени.