Навикнати сме во подрумите да ставаме предмети што не ги користиме често. Во Германија е забрането да се оставаат одредени работи во подрумот. Во спротивно, има високи парични казни.
Можеби ќе ве интересира: Германија планира двојно да го зголеми бројот на работни визи за луѓето од Западен Балкан
Она што никако не смее да се чува во подрумот се лесно запаливи течности и предмети. Освен бензин, вклучени се и бои, растворувачи за боја, средства за дезинфекција, моторно масло, стари весници и хартија, алишта и душеци. Причината за забрана за чување на овие работи во подрумите во Германија е опасноста од пожар.
Освен споменатите работи, се забранува и чување плински боци и слични предмети кои може да предизвикаат експлозија.
Доколку чувате зимница во подрум во Германија, треба да се погрижите сите садови да бидат добро затворени за да не привлечат штетници и стаорци.
Освен тоа, подрумот не смее да се користи за други намени без претходна согласност од сопственикот и соседите. Тој не може да се користи како спална соба, соба за хоби, работилница или продажно складиште.