Во зависност од потребите на бизнис секторот, државата ќе финансира преквалификување на невработени лица. Ова е дел од оперативниот план за поддршка на вработувањето за следната година.
Станува збор за шестмесечни обуки на активни баратели на работа за конкретни работни позиции по однапред познати услови за вработување, а на тој начин ќе се настојува да се постигне баланс помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на работна сила.
Целта на мерката е да се детектираат сите невработени лица по општини и да се обучат за да одговараат на потребите на компаниите.
Бизнис заедницата бара повеќе вакви директни мерки за подршка на вработувањето бидејќи како што велат тие мора да се интервенира што поскоро затоа што стручниот кадар е клучен за бизнисите.
Од мерката се очекува да придонесе за намалување на невработеноста и решавање на проблемот на работодавците со недостигот на квалификувана работна сила.