Повеќе од сто држави постигнаа историски договор за заштита на светските мориња. Според договорот, 30 отсто од водната површина на земјата ќе добијат заштитен статус до 2030-та година, со цел да се сочува и опорави екосистемот во нив.
Во новите заштитени подрачја ќе биде ограничен ловот, ќе се одредат патеките по кои бродовите ќе смеат да се движат, како и длабинско дупчење од морското дно од 200 метри. Договорот е постигнат по маратонската седница во ОН, која траеше 38 часа. Преговорите траеа десет години затоа што членките не можеа да се договорат околу финансирањето, а камен на сопнување беа и квотите и правата за рибарење.
Би можело да ве интересира: Јапонија откри 7.000 острови за кои не ни знаела дека постојат
Со последниот меѓународен договор заштитена беше само 1,2 отсто од морската површина, поради што најмногу трпеше морскиот живот. Според последните проценки на морскиот екосистем, речиси 10 проценти од животинските и растителни видови се во ризик од изумирање.