Со цел да им се олесни пристапот на жителите од населените места, до градот, Општина Берово организира бесплатен јавен превоз, на територијата на општината, во четврток, кога е пазарен ден, почнувајќи од првиот четврток во месец април.
Советот на Општина Берово, на 25-тата Седница, која се одржа во петокот, донесе одлука за организирање на бесплатен јавен превоз, на територијата на општина Берово, во четврток.
Превозот ќе се врши со автобус, кој е во сопственост на општината и тоа на следните релации:
1.Двориште-Ратево-Русиново- Владимирово-Берово- тргнување во 07:30 часот
Берово-Владимирово-Русиново-Ратево -Двориште-тргнување во 13:00 часот
2.Митрашинци-Будинарци-Мачево- Смојмирово- тргнување во 10:00 часот
Берово-Смојмирово-Мачево-Будинарци -Митрашинци-тргнување во 15:00 часот.
Средствата кои се потребни за реализација на оваа услуга, ќе бидат целосно на товар на општина Берово и истите се обезбедени во Буџетот на општина Берово, за 2023 година.
Право на користење на бесплатниот превоз, ќе имаат сите жители на општина Берово, кои на телефонскиот број на Општина Берово, 033/471-057, ќе се пријавуваат во вторник , во периодот од 08.30-13.30 часот, за да го користат превозот во четврток.
Извор: mnet.mk