Цените на прехранбените производи и натаму „во слободен раст“. Граѓаните велат дека веќе се уморни да се жалат бидејќи, како што тврдат, нивните поплаки не се слушнати.
-Ако порано, пред година, две можеше да се наполни една кеса со храна, со која може да се „тера“ една недела за 1.500 денари, денес тоа е невозможна мисија. Инфлацијата ги јаде парите, а да сејаде мора, вели една скопјанка.
Килограм банани нема поевтино од 80 денари.
Лимонот над 70, јаболката над 20 денари за килограм. За килогарм компир од маркет ќе треба да издвоите над 40 денари, зависно од маркетот.
Килограм брашно е најевтино во Стокомак – 38 денари, додека во останатите маркети е од 39-49 денари.
За пакет од 900 грама шеќер ќе платите над 50 денари. Зејтинот е од 106-135 денари. За табла јајца (30 јајца) ќе платите од 279-30 денари или 10 денари по јајце. Млакото чини над 70 денари за литар тетрапак.