Управата за јавни приходи бара решение со цел пензионерите да се спасат од обврската за регистрација во системот на УЈП.
По бурните реакции во јавноста околу комплексниот начин за регистрирање во системот, УЈП е приморана да предложи поедноставно решение кое ќе го олесни пријавувањето, барем за пензионерите.
И експертите реагираат дека регистрацијата во УЈП е тешка
Иако многумина велат дека составувањето на првата електронска годишна пријава е ново и модерно решение, децидни се дека тоа ќе им го отежни пријавувањето на тие кои не седат пред компјутер цело време, особено на оние кои воопшто не знаат да работат.
Регистрацијата се врши според пропишани правила и процедури со кои се штитат податоците на граѓаните.
Инаку, од следната година УЈП ќе започне со електронското издавање на пополнета годишна даночна пријава со што се напушта застарената процедура кога граѓаните самостојно мораа најдоцна до 15-ти март да физички да поднесат годишна даночна пријава за остварените приходи во изминатата година.
Извор: Фактор