„Наш водечки производ е македонскиот хамбургер, го служиме со компирите внатре прелиени во кечап и мајонез, точно како што јадевме во детството во Македонија.
Секојдневно сè повеќе расте бројот на гости Американци, Азијати и од речиси сите страни на светот. Многумина ги привлекува натписот „Macedonian Street Food“, за да пробаат каква храна е тоа, па потоа пребаруваат на Google каде точно, Македонија е позиционирана на картата на светот“ – вели за CRNOBELO.com Маја Јаковиќ Стојмирова, сопственичка на Babba Grill во САД.
Маја и Александар Стојмирови се наши Македонци со потекло од Скопје, кои со години наназад живеат и работат во Чикаго, САД, а со отворањето на нивниот локал „Babba Grill“ им овозможуваат на нашинците таму да уживаат во традиционалната македонска храна и специјалитети, а на останатите да се запознаат со вкусот на македонската кујна.
Ќебапи, хамбругери, пастрмајлии, гиро, чорба, гравче… Ова се само некои од специјалитетите што се служат во „Babba Grill“, а се добредојдени за големиот број нашинци што живеат во САД и на кои им недостасува традиционалната македонска и балканска кујна.
За тоа како се отселиле во САД, какви биле нивните почетоци, колку е тешка постапката за започнување свој бизнис во земја каде што не познаваш речиси никого на почетокот, прочитајте на CRNOBELO.com