Она што ги радува посетителите предизвикува загриженост кај метеоролозите: сезоната на цутење на црешите во Токио започна десет дена порано од просекот во последните децении. Илјадници Јапонци ги преплавија парковите.
Од југозапад кон североисток. низ Јапонија се протега таканаречен „Фронт на црешовиот цвет“. Сега дрвјата во главниот град Токио се во полни со цветови. Затоа, илјадници Јапонци се собираат во парковите за да се восхитуваат на природниот спектакл. Но, извонредно раното цутење на црешите, како овде во паркот Уено, предизвикува загриженост кај метеоролозите. Уште еден знак за климатска криза?