„Сопругата ми се налути затоа што заборавив да го уплатам лото ливчето“, раскажува маж од Австралија кој освоил по 1 милион долари на две идентични лото ливчиња. Пар од Австралија стигнал до 2 милиони австралиски долари во една недела затоа што уплатиле две ливчиња со истите броеви.
Тие сакаат да останат анонимни, но раскажале дека семејната расправија ги довела до двојна добивка.
„Навистина е смешна приказната за тоа како уплативме две ливчиња со истите броеви. Заборавив да го уплатам лото ливчето на сопругата минатата недела и таа ми беше лута. Па оваа недела за да ѝ се оддолжам, уплатив две ливчиња со броевите што вообичаено ги заокружува“ – раскажал мажот.
„Утрово таа ги заокружуваше броевите на нејзиното ливче кои се добитни и кога сфативме дека освоивме 1 милион на едното ливче, помислив дека е добро да ѝ кажам дека имаме уплатено уште едно исто ливче“ – рекол тој.
Расправијата е заборавена, а сега обезбедиле поубава иднина за нивните деца и внуци.