Поранешниот австралиски професионален сурфер Блејк Џонстон вчера го собори светскиот рекорд за најдолга забележана сесија на сурфање во Сиднеј.
Џонстон излегол на водата на плажата Кронул на југот на Сиднеј во четвртокот во 01.00 часот и го надмина претходниот рекорд кој го држеше Јужноафриканецот Џош Енслин после 30 часа и 11 минути, објави „Reuters“.
На кратко излегол на плажата за да разговара со медиумите и насобраните фанови, а притоа рекол дека е „прилично уморен“.
„Ви благодарам на сите, најдобри сте. Секој заслужува да се чувствува убава, водете сметка за себе“, рекол Џонстон кратко пред насобраните.
Џонстон, кој сурфал на повеќе од 600 бранови во текот на својата сесија, парите кои добил од овој настан ќе ги издвои за иницијативата за менталното здравје на младите во соработка со фондацијата „Chumpy Pullin“, пренесува „Reuters“.