Институтот за комуникациски студии (ИКС) организира еднодневна работилница и вмрежување со потенцијални автори на тема „Академско блогирање“ на 28 септември (петок), со почеток од 9:30 часот во Скопје. Работилницата ќе биде водена од професорка од „London School of Economics“ (LSE) и домашни експерти, а ќе се фокусира на техники и совети за пишување на академски блогови.
Настанот се организира за припадници на албанската заедница во Македонија кои имаат интерес да дебатираат и да се изразуваат за теми како што се: политичка комуникација, демократските процеси во земјата, потенцијалното членство во ЕУ и НАТО и останати прашања релевантни за социо-политичкото опкружување во земјава. Воедно, истата прилика ќе се искористи како средба за вмрежување со заинтересираните автори со кои би соработувале во наредниот период.
На работилницата учесниците ќе бидат запознаени со различните техники на пишување на академски блогови и ќе имаат можност да станат член на тимот на автори кои пишуваат за Res Publica, академски блог кој го води ИКС. На состанокот ќе се запознаете и со тимот зад Рес Публика, а ќе дознаете и што би опфаќала потенцијалната соработка.
Дополнително, Рес Публика оваа година воспоставува соработка со слични веб-платформи од регионот (Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и БиХ) што креира простор за соработка на избраните автори со регионални блогови - објавување на блогови напишани на Рес Публика, пишување на блогови релевантни за регионот и сл.).
Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се на работилницата со испраќање на мејл на bojang@vs.edu.mk со име, презиме и телефонски број за контакт.
Агендата на работилницата можете да ја погледнете на следниот линк.