Минисо е јапонски бренд, основан од јапонскиот дизајнер Мијаке Јунја и кинескиот претприемач Је Гуофу во Токио, Јапонија во 2013 година.
Мијаке Јунја е јапонски дизајнер, кој соработувал со голем број на меѓународни брендови. Тој е еден од основачите и е главен дизајнер на производите на Минисо. Исто како и Кензо Такада (КЕНЗО), Мијаке Јунја дипломирал на универзитетот Бунка Фешн Колеџ, кој е рангиран на трето место меѓу светските институти за мода. По дипломирањето, воден од филозофијата “едноставно, природно и квалитетно”, тој ја добил идеата за брендот Минисо.
Је Гуофу е кинески претприемач, кој се приклучил на тимот јапонски дизајнери, со кои во 2013 година го формираат брендот Минисо. Је Гуофу сметал дека производите треба да му бидат финаниски достапни на секој купувач. Оваа филозофија е една од причините за основањето на брендот Минисо.
Основан во Јапонија во 2013 година, Минисо активно го истражува меѓународниот пазар и како резултат на тоа, за помалку од 4 години отвара 2600 продавници. До денес, има склучено договори за франшиза со преку 60 држави, вклучувајќи ги УСА, Канада, Русија, Сингапур, Кина, Хонг Конг, Малезија, со месечен вкупен раст од 80-100 продавници.
Брендот Минисо се промовира преку своите клучни стратегии, со ажурирање на производите на неделно ниво, ниските цени и таргетирање на потрошувачи на глобалните интелегентни производи за широка потрошувачка.
Инспириран од Јапонската мода и животниот стил, Минисо има 11 категории со вкупно над 8.000 производи. Здравје и убавина, дигитални производи, сезонски производи, лајф департмент, играчки...
Минисо не е само бренд, туку е и животен стил. Обидувајќи се однапред да ги предвидат потребите на купувачите, се враќаат кон природните производи и на своите клиенти им нудат автентични, квалитетни и лесно пристапни производи.
Минисо се фокусира на суштината на производите, внимава на квалитетот и одржува баланс помеѓу квалитетот и цената на производите. Брендот следи едноставна филозофија, дизајнирајќи производи по соодветни цени, земајќи ги во предвид природните ресурси, животната средина и рециклирањето.
Минисо внимава на општествената одговорност кон планетата, животните и луѓето и посветува големо внимание на безбедноста на продуктите кои ги произведува.
Главен слоган на компанијата е LOVE LIFE, LOVE MINISO. Сакај го животот, сакај го Минисо.
Новата франшиза на овој јапонски бренд, за почеток, својот прв салон го отвора во трговски центар РЕ мол - Тетово, и има потреба од Персонал за продажба. Пријавете се на линкот.