Нешто повеќе од 1/4 од популацијата на Земјата нема пристап до чиста вода за пиење, а дури 46% од населението нема пристап до основни санитарни потреби, се вели во извештајот на Обединетите нации.
Во годишниот извештај на ОН за водата наведени се и чекорите кои мора да се преземат за да се исполни целта за целото население да има пристап до вода за пиење и основни санитарни потреби до 2030 година.
Уредникот на извештајот, Ричард Конор, вели дека за исполнување на тааљ цел потребни се од 600 милијарди и 1 трилион долари годишно. Тој вели дека е еднакво важно да се направи партнерство со инвеститори, финансиери и заедници кои се борат против климатските промени, за да се осигура дека инвестираните пари ќе придонесат за водата да стигне до 2 милијарди луѓе кои немаат пристап до неа, како и санитарна помош за 3,6 милијарди луѓе на кои им е потребна.
Конор наведува дека имајќи предвид дека 70% од водата се троши на наводнување, тоа наводнување мора да биде поефикасно, како и се повеќе земји да користат систем на наводнување капка по капка за на тој начин да се овозможи повеќе вода да се користи во градовите.
Во извештајот се наведува дека сезонскиот недостиг на вода ќе се прошири и на подрачја каде што ја има во изобилство, како што е Централна Африка, Источна Азија и делови од Јужна Америка, како и дека дополнително ќе се влоши ситуацијата во деловите каде што веќе нема доволно вода, како што е Блискиот Исток и Сахарска Африка.
Наведено е дека во просек 10% од светската популација живее во земји со висок или критичен недостиг на вода, а дека 3,5 милијарди луѓе живеат во екстремни услови кога станува збор за водата макар еден месец во текот на годината. Според извештајот на ОН, потрошувачката на вода се зголемила за 1% годишно во последните 40 години, а се очекува и дека ќе расте со иста брзина до 2050 година. Главните причини за тоа се порастот на популацијата, општествено-економскиот развој, како и промените на потрошувачките навики.