Граѓаните со дипломи во Обеднетото Кралство ќе работат подолго според плановите да им се дозволи на физичките работници порано да бараат државна пензија.
Работниците се соочуваат со брзо зголемување на старосната граница за пензионирање, со цел да се спречи стареењето на населението да ја одведе Британија во банкрот, пишува лондонскиот Тајмс.
Сепак, исклучок се работниците кои не оделе на факултет или кои вршат физичка работа.
Државниот секретар за работа и пензии Мел Страјд во четвртокот ја одложи одлуката за зголемување на старосната граница за државната пензија до изборите во 2025 година, но ја остави отворена можноста за зголемување на 68 години во следната деценија.
Сегашната возраст за пензионирање е 66 години, а Страјд рече дека ќе се зголеми на 67 години, како што е планирано, за три години.